Sony Xperia M - Во врска со апликацијата Албум

background image

Во врска со апликацијата Албум

Користете ја апликацијата Албум за да гледате фотографии и да репродуцирате видеа што сте ги
направиле со камерата или да прикажувате слични содржини што сте ги зачувале на уредот. Може
да додавате гео-ознаки на фотографиите и видеата, па потоа да ги гледате на карта на светот. Во
апликацијата Албум може и да прикажувате фотографии и видеа што сте ги префрлиле на некоја
онлајн услуга, на пример, во веб-албум на Picasa™ или на Facebook™.
Од апликацијата Албум, можете да ги споделувате омилените фотографии и видеа со
пријателите, преку безжична технологија Bluetooth™, е-пошта, пораки и разни онлајн услуги.
Можете да изведувате и основни задачи на уредување на фотографиите и да ги поставите како
позадина или како фотографии за контакти.

Преглед на картичката Албум

Во апликацијата Албум се достапни следните картички:

Слики – гледајте ги фотографиите и видеата зачувани во уредот.

Мои албуми – глегајте ги своите онлајн албуми и своите фотографии и видеа со гео-ознака на
карта на светот.

Отворање албум

1

Од својот Почетен екран, допрете ја опцијата .

2

Најдете и допрете го Албум.

Ако ориентацијата на екранот не се промени автоматски кога ќе го завртите уредот
настрана, обележете го полето за избор Автом. ротирање на екранот под Екран >
Поставки.