Sony Xperia M - Гледање на фотографиите на мапа

background image

Гледање на фотографиите на мапа

Ако го вклучите откривањето локација при фотографирање, подоцна можете да ги користите
собраните информации. На пример, може да ги гледате фотографиите на мапа и да им покажете
на пријателите и семејството каде сте биле и кога се направени фотографиите. Додавањето
информации за локацијата се нарекува и гео-означување. Кога ќе го вклучите откривањето
локација, може да изберете за откривањето на локацијата да се користат сателити - GPS или
безжични мрежи или пак двете.

Преглед на сликичката Мапи

1

Пребарување локација на мапата.

2

Приказ на менито со опции.

3

Група фотографии и/или видеа што се гео-означени со истата локација.

4

Двоен допир за зумирање. Стиснете ги прстите за одзумирање. Влечете за приказ на различни делови од мапата.

5

Мали слики до одбраната група фотографии и/или видеа. Допрете објект за да го видите на цел екран.

Овозможување лоцирање

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Пронајдете и допрете го Поставки > Услуги за локација.

3

Обележете ги полињата за избор GPS сателити и/или Услуга за локација од
Google
.

81

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Гледање на фотографиите со гео-ознака на карта во Албум

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Албум > Мои албуми > Мапи.

3

Допрете фотографија за да ја видите на цел екран.

4

Ако повеќе фотографии се направени на иста локација, само една од нив се појавува на
картата. Вкупниот број фотографии се појавува во горниот десен агол, на пример . За да
ги видите тие слики, допрете ја насловната фотографија, па допрете ги малите слики на
долниот дел од екранот.

Кога гледате фотографии со гео-ознака од прикажувач на фотографии, можете да го
допрете екранот за да ги прикажете алатниците, па допрете го за да ја видите
фотографијата на карта.

Прикажување на фотографиите со гео-ознака на глобус Албум

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Албум > Мои албуми > Глобус.

3

Допрете фотографија за да ја видите на цел екран.

4

Ако повеќе фотографии се направени на иста локација, само една од нив се појавува на
картата. Вкупниот број фотографии се појавува во горниот десен агол, на пример . За да
ги видите тие слики, допрете ја насловната фотографија, па допрете ги малите слики на
долниот дел од екранот.

Кога гледате фотографии со гео-ознака од апликацијата камера, можете да го допрете
екранот за да ги прикажете алатниците, па допрете го за да ја видите фотографијата
на карта.

Додавање гео-ознака кога ја гледате картата во апликацијата Албум

1

Кога ја гледате картата во апликацијата Албум, допрете го , па допрете го Додај гео-
ознака
.

2

Пронајдете и допрете ја фотографијата на којашто сакате да ѝ додадете гео-ознака.

3

Допрете ја саканата локација на картата за да ја одредите гео-ознаката, па допрете го ОК.

Уредување на гео-ознаката на фотографија во апликацијата Албум

1

Кога гледате фотографија на карта во апликацијата Албум, држете ја допрена
фотографијата, сè додека рамката не стане сина.

2

Повлечете ја фотографијата на новата локација.

Можете и да ја допрете саканата локација на картата, наместо да влечете.

Промена на изгледот на мапата во апликацијата Албум

Кога ја гледате мапата во апликацијата Албум, допрете ја опцијата , па одберете Класичен
приказ
или Сателитски приказ.