Sony Xperia M - Гледање онлајн албуми

background image

Гледање онлајн албуми

Во Албум, гледајте ги фотографиите и видеата коишто вие и вашите пријатели сте ги префрлиле
на онлајн услугите, како Picasa™ и Facebook™. Можете да ги прегледате коментарите од
пријателите, а и да давате свои коментари.

82

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преглед на онлајн услуги

1

Активна онлајн услуга.

2

Име на онлајн албум.

3

Број ставки во онлајн албумот.

4

Обнови.

5

Приказ на опциите на менито.

Прегледување фотографии од онлајн услуги во апликацијата Албум

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Албум > Мои албуми.

3

Допрете ја саканата онлајн услуга.

4

Допрете Поврзи. Се прикажуваат сите достапни онлајн албуми што сте ги префрлиле на
услугата.

5

Допрете некој албум за да ја прегледате содржината, потоа допрете фотографија во
албумот.

6

Потчукнете налево за да ја прегледате следната фотографија или видео. Потчукнете
надесно за да ја прегледате претходната фотографија или видео.

Гледање и коментирање содржина на онлајн албуми

1

Кога гледате фотографија од онлајн албум, допрете го екранот за да го прикажете
алатникот, па допрете го за да ги видите коментарите.

2

За да видите повеќе коментари, лизгајте го екранот надолу.

3

За да додадете свој коментар, внесете го во долниот дел од екранот, па допрете го
Објави.

Препорачување фотографија или видео на Facebook™

Додека гледате фотографија или видео од некој од вашите албуми на Facebook™, допрете
го екранот за да го прикажете алатникот, па допрете го за да покажете на Facebook™
дека тоа „Ви се допаѓа“.

83

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.