Поставки за пораки и Интернет
За испраќање на текстуални и мултимедијски пораки и за пристап на Интернет, мора да имате
мобилна податочна конекција и точни поставки. Има различни начини за да дојдете до овие
поставки:
•
За поголемиот број мрежи и оператори на мобилни телефони, Интернет поставките и поставките
за пораки се претходно инсталирани на уредот. Тогаш можете веднаш да започнете со користење
на Интернет и да испраќате пораки.
•
Во некои случаи ќе ја добиете опцијата да ги преземете поставките за интернет и пораки првиот
пат кога ќе го вклучите уредот. Овие поставки можете и подоцна да ги преземете од менито
Поставки.
•
Можете рачно да додавате и да менувате Интернет и мрежни поставки во уредот во секое време.
Контактирајте со мрежниот оператор за детални информации за поставките за Интернет и пораки.
Преземање поставки за интернет и пораки
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Xperia™ > Поставки за интернет.
3
Допрете го Прифати.
Ресетирање на стандардните интернет-поставки
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете ги Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи > Пристапи до имиња
на точки.
3
Допрете го .
4
Допрете го Ресетирај на стандардно.
Имиња на пристапни точки (APN-и)
APN се користи за воспоставување податочна конекција меѓу уредот и Интернетот. APN дефинира
кој тип IP-адреса да се користи, кои заштитни методи да се повикаат и кои конекции со фиксен крај
да се користат. Проверката на APN е корисна кога не можете да пристапите на Интернет, кога
немате податочна конекција или не можете да испраќате или примате мултимедијални пораки.
29
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прикажување на тековното име на пристапна точка (APN)
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.
3
Допрете го Имиња на пристапна точка.
Ако имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена со
обележено копче.
Рачно конфигурирање на поставките за Интернет
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете ги Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи > Имиња на
пристапна точка.
3
Допрете .
4
Допрете го Нов APN.
5
Допрете го Име и внесете го името на мрежниот профил којшто сакате да го креирате.
6
Допрете го APN и внесете го името на пристапната точка.
7
Внесете ги сите други информации побарани од мрежниот оператор.
8
Допрете , па допрете го Зачувај.