Прилагодување на уредот
Можете да прилагодувате разни поставки во уредот според сопствените потреби. На пример,
можете да го промените јазикот, да додадете личен тон на ѕвонење, или да ја промените
светлоста на екранот.
Прилагодување на јачината на звукот
Можете да ја прилагодувате јачината на тонот на ѕвонење за телефонските повици и за
известувањата, како и јачината на репродукцијата на музика и видео.
25
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Прилагодување на јачината на звукот при ѕвонење со копчето за јачина на звук
•
Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.
Прилагодување на јачината на звукот при репродукција на медиуми со копчето
за јачина на звук
•
Кога се репродуцира музика или гледате видео, притиснете го копчето за јачина на звук
нагоре или надолу.
Прилагодување на поставките на звукот
Може да се прилагодуваат повеќе поставки на звукот. На пример, можете да го поставите уредот
во бесшумен режим, така што нема да ѕвони кога сте на состанок.
Поставување на уредот во режим на вибрирање
•
Притискајте го копчето за јачина на звук додека во лентата за статус не се појави .
Уредот можете да го поставите во режим на вибрирање и така што ќе го држите
притиснато копчето вклучување , па ќе го допрете во менито што се отвора.
Поставување на уредот во режим за нечујно
1
Притиснете го копчето за јачина на звук додека уредот да завибрира и се појавува на
лентата за статус.
2
Притиснете го копчето за јачина на звук повторно. се појавува на лентата за статус.
Може и да го притиснете и задржите копчето за вклучување и потоа допрете во
менито што се отвора за да го поставите уредот во режим за нечујно.
Поставување на уредот во режим на вибрирање и ѕвонење
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Звук.
3
Обележете го изборното поле Вибрирај при ѕвонење.
Време и датум
Можете да ги промените времето и датумот на уредот.
Рачно поставување на датумот
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Датум и време.
3
Ако е обележано, отштиклирајте го изборното поле Автоматски датум и време.
4
Допрете го Поставете датум.
5
Прилагодете го датумот лизгајќи нагоре и надолу.
6
Допрете го Готово.
Рачно поставување на времето
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Датум и време.
3
Ако е означено, отстранете ја ознаката Автоматски датум и време од изборното
поле.
4
Допрете го Поставете време.
5
Лизгајте нагоре или надолу за да ги поставите часот и минутите.
6
Ако е можно, движете се нагоре за да го промените am во pm или обратно.
7
Допрете го Готово.
26
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување на временската зона
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Датум и време.
3
Отстранете ја ознаката на полето за избирање Автоматска временска зона, ако е
обележано.
4
Допрете Одберете временска зона.
5
Одберете опција.
Поставки за тон за ѕвонење
За да наместите тон на ѕвонење
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Звук > Тон на ѕвон. на телеф..
3
Одберете тон на ѕвонење.
4
Допрете го Готово.
Вклучување тонови при допир
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук.
3
Обележете ги полињата за избирање Тонови при допир. на тастат. и Звуци при
допир.
Одбирање звук за известување
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Звук > Звук за известување.
3
Одберете звук што ќе се репродуцира кога пристигнуваат известувања.
4
Допрете го Готово.
Поставки на екранот
Прилагодување на осветлувањето на екранот
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Екран > Светлина.
3
Влечете го лизгачот за да ја прилагодите светлината.
4
Допрете го OK.
Поставување на екранот да вибрира
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Звук.
3
Обележете го полето за избирање Вибрирај при допир. Екранот сега вибрира кога ќе
допрете некои програмабилни копчиња и одредени апликации.
Прилагодување на времето на мирување пред да се исклучи екранот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Екран > Исклучи.
3
Одберете опција.
Да го исклучите екранот брзо, кратко притиснете го копчето за вклучување .
Јазични поставки
Може да одберете основен јазик за вашиот уред којшто можете понатаму и да го промените.
27
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Промена на јазикот
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Поставки > Јазик и внесување > Јазик.
3
Одберете опција.
4
Допрете го OK.
Ако одберете погрешен јазик и не можете да ги прочитате текстовите во менито,
пронајдете ја и допрете ја иконата . Потоа одберете го текстот покрај
и одберете го
првиот запис во следното мени. Тогаш може да го одберете саканиот јазикот.
Авионски режим
Во Авионски режим, мрежата и примопредавателите на радио сигнали се исклучени за да се
спречат пречките кај чувствителната опрема. Сепак, сè уште можете да играте игри, да слушате
музика, да гледате видеа и друга содржина, доколку тие се зачувани на меморијата на апаратот.
Можете да добивате и известувања за аларми, доколку тие се активирани.
Вклучувањето на авионскиот режим го намалува трошењето на батеријата.
Вклучување авионски режим
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете го Поставки > Повеќе….
3
Обележете го изборното поле Авионски режим.
Можете и да го држите притиснато копчето вклучување , па да го одберете Авионски
режим во менито што се отвора.