Додавање географска позиција на фотографиите
Вклучете гео-означување за да се додаде приближната географска локација (гео-ознака) на
фотографиите при нивното правење. Географската локација се одредува со безжични мрежи
(мобилни или мрежи Wi-Fi®) или со технологијата GPS.
Кога на екранот на камерата се појавува , гео-означувањето е вклучено, но географска позиција
не е пронајдена. Кога се појавува , гео-означувањето е вклучено и географската позиција е
достапна, па фотографијата може географски да се означи. Кога ниту еден од овие два симболи
не се појавува, гео-означувањето е исклучено.
Вклучување на гео-означувањето
1
Активирајте ја камерата.
2
Допрете го , па потоа допрете го Гео-означување > Вклучено.
3
Допрете ОК за да се согласите да вклучите GPS и/или безжични мрежи.
4
Проверете ги опциите што сакате да ги одберете под Услуги за локација.
5
Откако ќе ги потврдите поставките, притиснете за да се вратите на екранот на
камерата.
6
Кога на екранот на камерата ќе се појави , вашата локација е достапна и фотографијата
може да биде гео-означена. Ако не е, проверете ја конекцијата со GPS и/или со безжичната
мрежа.