Sony Xperia M - Пребарување и прикажување контакти

background image

Пребарување и прикажување контакти

1

Картички за кратенки

2

Допрете контакт за да ги видите неговите детали

3

Азбучен индекс за пребарување контакти

4

Допрете ја малата слика на контактот за да пристапите до менито за брз контакт

5

Барање контакти

6

Креирај контакт

7

Отвори повеќе опции

Барање контакт

1

Од Почетен екран, допрете го , потоа допрете го .

2

Допрете го , па внесете ги првите неколку букви од името на контактот во полето
Пребарај контакти. Се појавуваат сите контакти кои започнуваат со тие букви.

За да одберете кои контакти да се прикажуваат во апликацијата Контакти

1

Од Почетен екран, допрете го , потоа допрете го .

2

Притиснете на , па допрете го Филтер.

3

Во листата што ќе се појави, обележете и избришете го обележувањето на саканите опции.
Ако сте ги синхронизирале контактите со сметка за синхронизација, таа сметка се појавува
во листата. За да погледнете уште повеќе опции на листата, допрете ја сметката.

4

Кога ќе завршите, допрете го ОК.

Брзо мени за контакти

Допрете мала слика на контакт за брзо да ги прегледате опциите за комуникација со определен
контакт. Опциите вклучуваат повикување на контактот, испраќање текстуална или мултимедијална
порака и започнување на разговор користејќи ја апликацијата Google Talk™.

За да се појави апликација како опција во брзото мени за контакти, можеби ќе треба да ја
поставите апликацијата во уредот и да се логирате во неа. На пример, треба да ја
вклучите апликацијата Gmail™ и да ги внесете своите податоци за пријавување пред да
користите Gmail™ од брзото мени за контакти