Sony Xperia M - Пренесување контакти со помош на компјутер

background image

Пренесување контакти со помош на компјутер

Xperia™ Transfer е апликација што ви помага да ги соберете контактите од стариот уред и да ги
пренесете на новиот. Xperia™ Transfer, до која може да пристапите од софтверот на Xperia™
Companion, поддржува мобилни уреди што работат со iOS/iCloud и Android™. Ако се префрлате од
iOS уред, опцијата за спојување апликации ги предлага еквивалентите на Android на iOS
апликациите.
За користење на Xperia™ Transfer, ви треба:

Компјутер поврзан со интернет.

Новиот Android™ уред.

USB кабел за новиот Android™ уред.

Стариот уред.

USB кабел за стариот уред.

Можеби нема да ви треба стариот уред. За iOS уреди, може да се поврзете директно на
iCloud или да користите локална резервна копија. За Sony уреди што сте ги поседувале
претходно, може да користите локални резервни копии.

Пренесување контакти на новиот уред

1

Побарајте го и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac ако софтверот не е претходно
инсталиран.

2

Користејќи USB кабел, поврзете го уредот со компјутерот.

3

По успешната инсталација, отворете го софтверот Xperia™ Companion ако не се вклучи
автоматски, а потоа кликнете на Xperia™ Transfer и следете ги соодветните упатства за
пренос на контактите.