Технологија TrackID™
Идентификување музика со помош на технологијата TrackID™
Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да идентификувате некоја музичка
нумера што ќе ја слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете
58
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
информации за изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Можете да ги купувате
песните коишто ќе ги идентификува TrackID™, да ги прегледувате TrackID™ топ листите и да
видите што пребаруваат другите корисници на TrackID™ ширум светот. За најдобри резултати,
користете ја технологијата на TrackID™ во тивка средина.
За да се отвори апликацијата TrackID™
1
Од Почетен екран, допрете ја .
2
Најдете и допрете го TrackID™.
Апликацијата TrackID™ можете да ја отворите и со графичкиот објект на TrackID™.
Пребарување информации за песна со користење TrackID™
1
Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа држете го уредот кон изворот на музиката.
2
Допрете . Ако песната е препознаена од услугата TrackID™, резултатите се појавуваат
на екранот.
За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, притиснете
.
Прегледување топ листи на TrackID™
1
Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Топ листи. Првиот пат кога ќе ја
прегледате топ листата, таа се поставува во вашиот регион.
2
Да ги видите топ листите на најпопуларните пребарувања во други региони, допрете >
Региони.
3
Одберете земја или регион.
Користење на резултатите од технологијата TrackID™
Информациите за песна се појавуваат кога апликацијата TrackID™ ќе препознае песна. Можете да
одберете да ја купите песната или да ја споделите користејќи е-пошта, SMS или услуга за
социјална мрежа. Можете и да добиете повеќе информации за изведувачот на песната.
Купување песна препознаена со технологијата TrackID™
1
Откако некоја песна е препознаена со апликацијата TrackID™, допрете Преземи.
2
Следете ги упатствата на вашиот уред за да го завршите вашето купување.
Може да одберете песна за купување и со отворање на картичките Историја или Топ
листи од почетниот екран на TrackID™.
Функциите за купување на песна може да не се поддржани во сите држави/ региони или
од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите области.
Споделување песни
1
Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Сподели, потоа
одберете начин на споделување.
2
Следете ги инструкциите на вашиот уред за да ја завршите процедурата.
Може да изберете песна за споделување со отворање на Историја или картичките Топ
листи од почетниот екран на TrackID™.
Прегледување на информациите за изведувачот на песната
•
Откако апликацијата TrackID™ ќе ја препознае песната, допрете Изведувач.
Може и да ги прегледате информациите за изведувачот на песната со отворање на
Историја или картичките Топ листи од почетниот екран на TrackID™.
59
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Препорачување песна на Facebook™
1
Кога апликацијата TrackID™ е отворена, допрете го насловот на некоја песна.
2
На екранот со информации за песната почекајте да се појави картичката , па допрете ја.
3
Пријавете се во Facebook™ и препорачајте песна.
Функцијата може да не е поддржана во сите земји/ региони или од сите мрежи и/или
даватели на услуги во сите области.
Бришење песна од историјата на песни
1
Отворете ја апликацијата TrackID™, потоа допрете Историја.
2
Допрете наслов на песна, потоа допрете Избриши.
3
Допрете Да за да потврдите.
60
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.