Пренесување и управување со содржини користејќи USB
кабел
Користете конекција со USB-кабел меѓу компјутер и уредот за лесно да ги пренесувате и
управувате со своите датотеки. Откако ќе ги поврзете двата уреда, можете да влечете и спуштате
содржина меѓу уредот и компјутерот или меѓу внатрешната меморија на уредот и SD-картичката,
користејќи го истражувачот на датотеки во компјутерот.
Пренесување содржина помеѓу уредот и компјутерот користејќи USB кабел
1
Користејќи USB кабел, поврзете го уредот со компјутер. Се појавува Внатрешна
меморија и SD-картичката се поврзани во лентата за статус на екранот на
уредот.
2
Компјутер: Отворете го Microsoft® Windows® Explorer од работната површина и
почекајте сè додека не се појават внатрешната меморија на вашиот уред и SD-картичката
како надворешни дискови во Microsoft® Windows® Explorer.
3
Компјутер: Влечете ги и испуштајте ги саканите датотеки помеѓу вашиот уред и
компјутерот.