Скенирање бар-кодови со апликацијата NeoReader™
За скенирање со апликацијата NeoReader™
Користете го уредот како бар-код скенер да дознаете повеќе за објектите што ги скенирате. На
пример, ќе видите палто во реклама од списание и сакате да ја пронајдете најблиската
продавница на мало за да го купите. Ако рекламата содржи читлив бар-код, апликацијата
NeoReader™ го користи овој код за пристап до мобилни веб-содржини, како што е веб-страница со
повеќе информации за производот или до мапа на најблиските продавници. NeoReader™ ги
поддржува повеќето стандардни типови на бар-код.
Почеток со апликацијата NeoReader™
1
Од Почетен екран, допрете .
2
Најдете и допрете NeoReader™.
Скенирање бар-код
1
Кога апликацијата NeoReader™ е отворена, држете го уредот над бар-кодот, додека целиот
не стане видлив во баралото.
2
Уредот автоматски го скенира бар-кодот и вибрира кога ќе го препознае.
Некои бар-кодови се премали за скенирање.
Рачно внесување бар-код
1
Кога апликацијата NeoReader™ е отворена, допрете го
.
2
Внесете ги броевите од бар-кодот во полето за текст, па допрете го GO!.
101
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Преглед на менито на апликацијата NeoReader™
Следните опции се достапни во менито на апликацијата NeoReader™:
Допрете за да отворите повеќе опции
Рачно внесување на бројките на бар-кодот. Оваа опција може да се користи ако камерата не може да го прочита
бар-кодот
Преглед на листа на претходно скенирани бар-кодови
Преглед на информации за апликацијата NeoReader™. Прочитајте повеќе за разните видови бар-кодови и за
начинот на користење на NeoReader™
Одберете ги личните поставки за телефонот, како што се јазик или земја. Овие информации се користат за
персонализација на содржината на бар-кодот. Исто така, можете да изберете претпочитани вредности за
начинот на користење на апликацијата NeoReader™
Испратете текстуална порака за да поканите пријател да ја преземе апликацијата NeoReader™
102
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.