Sony Xperia M - Споделување содржина со уреди со ознаката DLNA Certified™‎

background image

Споделување содржина со уреди со ознаката DLNA
Certified™

Можете да гледате или да репродуцирате мултимедијална содржина зачувана на вашиот уред на
други уреди, на пример, ТВ-уред или на компјутер. За да може да се споделува содржината,
таквите уреди мора да ја носат ознаката DLNA Certified™ од „Digital Living Network Alliance“ и да
бидат приклучени на истата Wi-Fi® мрежа како и сите други уреди. А можете и на вашиот уред да
гледате или да репродуцирате содржина од други уреди со ознаката DLNA Certified™.
Откако ќе го поставите споделувањето содржина помеѓу уредите, можете, на пример, да ја
слушате музиката од домашниот компјутер на вашиот уред или на ТВ-уред со голем екран или да
гледате фотографии направени со апаратот од уредот.

Репродукција на датотеки од други уреди на вашиот уред со
ознаката DLNA Certified™

Кога на вашиот уред репродуцирате датотеки од друг уред со ознаката DLNA Certified™, тој уред
игра улога на сервер. Со други зборови, ја споделува содржината преку мрежа. На серверот мора
да биде овозможена функцијата за споделување содржина и тој мора на уредот да му даде
дозвола за пристап. Тој мора исто така да биде приклучен на истата Wi-Fi® мрежа како и уредот.

92

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Репродукција на споделена песна на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го WALKMAN.

3

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

4

Одберете уред од листата приклучени уреди.

5

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете ја песната што сакате да ја
репродуцирате. Песната се репродуцира автоматски.

Репродукција на споделено видео на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го Филмови > Уреди.

3

Одберете уред од листата приклучени уреди.

4

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете го видеото што сакате да го
репродуцирате.

Преглед на споделена фотографија на уредот

1

Проверете дали уредите со коишто сакате да ги споделувате датотеките се приклучени на
истата Wi-Fi® мрежа како и вашиот уред.

2

Од Почетен екран, допрете го .

3

Пронајдете и допрете го Албум > Мои албуми. Се прикажуваат сите ваши достапни
онлајн албуми и поврзани уреди.

4

Одберете уред од листата приклучени уреди.

5

Прегледајте ги папките на приклучениот уред и одберете фотографија за гледање.

Подготовка за репродукција на содржини од вашиот уред на уреди
со ознаката DLNA Certified™

Пред да можете да гледате или да репродуцирате медиумски датотеки од вашиот уред на други
уреди со ознаката DLNA Certified™, прво мора на уредот поставите споделување датотеки.
Уредите со коишто споделувате содржина се викаат клиентски уреди. На пример, ТВ-уред,
компјутер или таблет може да играат улога на клиентски уреди. Кога ќе ја стави на располагање
својата содржина на клиентски уреди, вашиот уред игра улога на медиумски сервер. Кога на
уредот ќе поставите споделување датотеки, на клиентските уреди мора да им дадете и дозвола за
пристап. Потоа, таквите уреди ќе се појават како регистрирани уреди. Уредите коишто чекаат
дозвола за пристап се наведени како уреди на чекање.

Поставување на споделувањето датотеки со други уреди со ознаката DLNA
Certified™

1

Поврзете го вашиот уред со Wi-Fi® мрежа.

2

Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете .

3

Допрете Моја музика да ја отворите музичката библиотека.

4

Притиснете , потоа допрете Медиумски сервер.

5

За да ја вклучите функцијата Сподели содржина, повлечете го лизгачот. Во лентата
за статус ќе се појави . Вашиот уред сега може да работи како медиумски сервер.

6

Поврзете го компјутерот или другите уреди на истата Wi-Fi® мрежа со уредот.

7

Се појавува известување во лентата за статус на уредот. Отворете го известувањето и
поставете ги соодветните дозволи за пристап на други уреди.

Упатствата опишани погоре може да се разликуваат во зависност од користените
клиентски уреди. Погледнете го упатство за корисникот на клиентскиот уред. Ако уредот
не може да се поврзе, проверете дали работи Wi-Fi®мрежата.

Може и да пристапите до Медиумски сервер менито под Поставки > Повеќе… >
Поставки за медиумски сервер. Ако го затворите приказот Медиумски сервер,
функцијата продолжува да работи во позадина.

93

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Да престанете со споделување датотеки со други уреди со ознаката DLNA
Certified™

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

3

Притиснете на , па допрете го Медиумски сервер.

4

Допрете го лизгачот за да ја исклучите функцијата Сподели содржина.

Поставување дозволи за пристап за уред што чека

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

3

Притиснете на , па допрете го Медиумски сервер.

4

Одберете уред од листата Уреди што чекаат.

5

Одберете го нивото на дозволување пристап.

Промена на името на регистрираниот уред

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

3

Притиснете на , па допрете го Медиумски сервер.

4

Одберете уред од листата Регистрирани уреди, а потоа одберете Промени име.

5

Внесете ново име за уредот.

Промена на нивото на пристап на регистриран уред

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

3

Притиснете на , па допрете го Медиумски сервер.

4

Одберете уред од листата Регистрирани уреди.

5

Допрете Пром. ниво на пристап и одберете опција.

Помош при споделувањето содржина со други уреди со ознаката DLNA
Certified™

1

Од Почетен екран, допрете го , па пронајдете и допрете го .

2

Допрете го Моја музика за да ја отворите музичката библиотека.

3

Притиснете на , па допрете го Медиумски сервер.

4

Допрете го .

Репродуцирање датотеки на дигитален уред за визуелизација на
мултимедијални датотеки

Со помош на технологијата на DLNA™ можете да туркате мултимедијална содржина зачувана на
вашиот уред на друг уред од истата Wi-Fi® мрежа. Другиот уред мора да биде во можност да
функционира како уред за визуелизација на мултимедијални датотеки (DMR), што значи дека може
да визуелизира или репродуцира содржина примена од вашиот уред. DMR уред може да биде, на
пример, ТВ со DLNA функција или компјутер со Windows® 7 или понов.

Поставките за овозможување на уредот за визуелизација на мултимедијални датотеки
може да варираат, зависно од користениот уред. Повеќе информации ќе најдете во
упатството за корисникот за дадениот уред.

Содржина со DRM (Digital Rights Management) не може да се пушта нa уред за
визуелизација на мултимедијални датотеки којшто користи DLNA™ технологија.

94

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Прикажување фотографии или видеа од уредот на уред DMR

1

Проверете дали правилно сте го поставиле уредот DMR и дека и поврзан со истата Wi-Fi®
мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете .

3

Пронајдете и допрете Албум.

4

Пребарајте ја и отворете ја датотеката што сакате да ја прикажете.

5

Допрете го екранот да ги прикаже алатниците, потоа допрете и одберете уред DMR за
да ја споделите содржината. Одбраните датотеки започнуваат да се репродуцираат во
хронолошки ред на уредот што ќе го одберете.

6

За исклучување од уредот DMR, допрете и одберете го својот уред. Датотеката
прекинува да се репродуцира на уредот DMR но продолжува да се репродуцира на вашиот
уред.

А можете и да споделите видео од апликацијата Филмови на вашиот уред, така што ќе го
допрете видеото, па ќе допрете .

Репродуцирање песни од уредот на уред DMR

1

Проверете дали правилно сте го поставиле уредот DMR и дека и поврзан со истата Wi-Fi®
мрежа како и вашиот уред.

2

Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете WALKMAN.

3

Допрете Моја музика да ја отворите музичката библиотека.

4

Одберете музичка категорија и пребарајте ја песната што сакате да ја споделите, потоа
допрете ја песната.

5

Допрете и одберете уред DMR за да ја споделите содржината. Песната автоматски се
репродуцира на уредот што ќе го одберете.

6

За исклучување од уредот DMR, допрете и одберете го својот уред. Песната прекинува
да се репродуцира на уредот DMR но продолжува да се репродуцира на вашиот уред.