Sony Xperia M - Преглед на поставките

background image

Преглед на поставките

Запознајте ги поставките во уредот за да можете истите да ги прилагодите на вашите сопствени
потреби.

Wi-Fi

Вклучете или исклучете го Wi-Fi®, скенирајте достапни Wi-Fi® мрежи или
додадете Wi-Fi® мрежа.

Bluetooth

Вклучете или исклучете го Bluetooth™, барајте достапни Bluetooth™
уреди и направете го уредот видлив или невидлив за другите Bluetooth™
уреди.

Користење
податоци

Вклучете или исклучете го сообраќајот на податоци преку мобилен
интернет и следете ги податоците за користење на податоци во одреден
рок.

Повеќе…

Вклучете или исклучете го Авионскиот режим, конфигурирајте ги
поставките за VPN и мобилни мрежи и овозможете уредот да ја
споделува својата конекција да пренос на податоци преку мобилен
интернет, како преносливо Wi-Fi® "жешко" место или со врзување преку
USB или преку Bluetooth™. Можете да ја вклучите или исклучите NFC
функцијата.

Поставки за
повици

Управувајте и конфигурирајте ги поставките за броевите за фиксно
бирање, гласовна пошта и Интернет повици.

Звук

Конфигурирајте како уредот ѕвони, вибрира или ве предупредува кога
добивате комуникација. Овие поставки можете да ги искористите и за
одредување на јачината на музиката, видеото, игрите или друг медиум
со аудио, како и некои поврзани поставки.

Екран

Вклучете го екранот да ја менува ориентацијата кога го вртите уредот.
Можете да ги поставите и светлината, големината на фонтот, заднината
и паузирањето на екранот.

Зачувување

Проверете колку место има на внатрешната меморија и на SD-
картичката. Можете и да ја избришете SD картичката или да ја
одмонтирате за безбедно отстранување.

Управување со
енергијата

Вклучување или исклучување на режимот STAMINA. Можете да видите и
уште колку време ќе работи батеријата и колку енергија трошат одделни
апликации.

Апликации

Управувајте со апликаците коишто работат, преземените апликации и
апликаците на SD-картичката.

Xperia™

Влезете во бројните поставки, скроени според вашиот Xperia уред, на
пример, режимот на USB конекција, Интернет,прикажување на екранот,
како и поставките за Throw.

Услуги за
локација

Вклучете или исклучете пристап до информациите за вашата локација.

Безбедност

Заштитете го уредот со разни блокади и лозинки. Можете и да дозволите
инсталација на апликации коишто не се од Google Play™.

Јазик и
внесување

Одберете го јазикот на уредот, дотерајте ги опциите за внесување јазик и
конфигурирајте ги поставките за говор.

Резервна копија
и ресетирање

Направете резервна копија на податоците и ресетирајте го уредот.

118

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Водач за
поставување

Побарајте помош за дефинирање на поставките на вашиот уред.

Додај сметка

Додавање сметка на уредот, на пример, сметка за е-пошта или сметка за
Google™.

Датум и време

Поставете ги времето и датумот или одберете вредности обезбедени од
мрежата. Одберете ги претпочитаниот формат на датум и час.

Пристапност

Вклучете ги инсталираните услуги за пристапност и прилагодете ги
поврзаните поставки.

Опции за
програмери

Поставете опции за развој на апликации. На пример, можете да го
прикажете користењето на CPU на почетниот екран или го поставите
уредот да влезе во режим на отстранување грешки кога има активни
USB-врски.

За телефонот

Видете ги информациите за уредот, како што се бројот на моделот и
јачината на сигналот. Можете и да го ажурирате софтверот во најновата
верзија.