Синхронизирање на службените е-пошта, календар и
контакти
Пристапете до службената е-пошта, состаноците во календарот и контактите директно од уредот.
Гледајте ги и управувајте со нив исто толку лесно како и од компјутер. По поставувањето, своите
податоци можете да ги најдете во апликациите Е-пошта, Календар и Контакти.
За да пристапите до функцијата опишана погоре, вашите службени одатоци мора да
бидат сочувани на Microsoft® Exchange сервер.
103
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Поставување службена е-пошта, календар и контакти
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете ги Поставки > Додај сметка > Корпоративно.
3
Внесете ги корпоративната адреса за е-пошта и лозинката.
4
Допрете го Следно. Уредот почнува да презема информации за вашата сметка. Ако не
успее, контактирајте со администраторот на корпоративната мрежа за повеќе информации.
5
Допрете го OK за да дозволите службениот сервер да го контролира вашиот уред.
6
Одберете ги видовите податоци што сакате да ги синхронизирате со уредот, како на
пример контакти и календар.
7
Ако сакате, активирајте го администраторот на уредот за да дозволите службениот сервер
да контролира одредени безбедносни функции во уредот. На пример, можете да дозволите
службениот сервер да одреди правила за лозинка и да постави шифрирање на меморијата.
8
Кога поставувањето е извршено, внесете име за оваа службена сметка.
Уредување на подесувањата на службена адреса за е-пошта, календар и
контакти
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете го Е-пошта, па допрете го .
3
Допрете го Поставки и одберете службена сметка.
4
Промена на саканите поставки.
Поставување интервал на синхронизација за службена сметка
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете го Е-пошта, па допрете го .
3
Допрете го Поставки и одберете службена сметка.
4
Допрете го Зач. на пров. на дојдов. сандаче, па одберете опција за интервал.
Отстранување службена сметка
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Допрете ги Поставки > Корпоративно, потоа одберете ја службената сметка.
3
Допрете го , па допрете го Отстрани сметка.
4
Повторно допрете го Отстрани сметка за потврда.