Телефонирање
Можете да упатите повик со рачно бирање телефонски број, со допирање број што е зачуван во
контакт листата на уредот или со допирање на бројот во приказот на дневникот на повици. Можете
да ја користите и функцијата за паметно бирање, за брзо пронаоѓање на броевите во списокот со
контакти и во дневникот на повици.
Кога упатувате повик, главниот микрофон на уредот работи заедно со вториот микрофон за да ги
потисне бучавата и позадинските звуци.
Не покривајте го вториот микрофон додека упатувате повик.
1
Отворање на контактите
2
Преглед на дневникот на повици
3
Преглед на омилените контакти
4
Преглед на сите групи контакти, зачувани во уредот
5
Бришење број
6
Тастатура
7
Приказ или бришење дневник на повици
35
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
8
Копче за повикување
9
Криење или прикажување бирач
Упатување повици со бирање
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.
3
Внесете го бројот на примачот и допрете Повикај. За да избришете број, допрете .
За да остварите повик со Паметно бирање
1
Од Почетен екран, допрете го .
2
Најдете и допрете го Телефон.
3
Користете ја тастатурата за да внесете букви или бројки коишто одговараат на контактот
којшто сакате да го повикате. Како што ги внесувате буквите или бројките, се појавува
листа на можни совпаѓања.
4
Допрете го контактот што сакате да го повикате.
Упатување меѓународни повици
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.
3
Допрете и држете 0 додека не се појави знакот „+“.
4
Внесете го кодот на државата, кодот за областа (без почетната 0) и телефонскиот број,
потоа допрете Повикај.
Покажување или криење на телефонскиот број
Можете да одберете вашиот телефонскиот број да се покажува или да биде скриен на уредите на
примачите на повик кога ги повикувате.
За да се покаже или скрие телефонскиот број
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Поставки за повици > Дополнителни
поставки > Идент. на повикувач.