Sony Xperia M - Користење на вашите омилени радио канали

background image

Користење на вашите омилени радио канали

Можете да ги зачувате радио каналите што најчесто ги слушате како омилени. Со користење на
омилени можете брзо да се вратите на некој радио канал.

За да се зачува канал како омилен

1

Кога радиото е отворено, појдете на каналот што сакате да го зачувате како омилен.

2

Допрете го .

3

Внесете име и одберете боја за каналот, па притиснете на Зачувај.

Отстранување канал од омилени

1

Кога радиото е отворено, појдете на каналот што сакате да го отстраните.

2

Допрете го , па допрете го Избриши.

Ново барање на радио канали

Доколку сте се преместиле на нова локација или приемот се подобрил на вашата тековна
локација, можете да започнете ново скенирање за радио канали.

Новото скенирање нема да влијае на омилените што сте ги зачувале.

Да вклучите ново пребарување за радио канали

1

Кога радиото е отворено, притиснете .

2

Потчукнете Барај канали. Радиото го претражува целиот фреквенциски опсег и сите
достапни канали се прикажуваат.